
Ерлинг Халанд претстојното лето сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд. За него се заинтересирани најголемите светски клубови и нема шанси Борусија да го задржи во своите редови, но обезбедија откупна клаузула кога го доведоа Норвежанецот од Салцбург.
Сепак, како што откриваат германските медиуми, тој не е единствениот кој ќе го напушти клубот на лето.
Ова не е добра сезона за Борусија Дортмунд. Фудбалерите на Марко Росе испаднаа од Лигата на шампионите и од Купот на Германија. Иако клубот е второпласиран во Бундес-лигата и можеше да му се закани на Баерн извесно време во борбата за титулата, во последното коло загуби (1-4) од Лајпциг дома и има само теоретски шанси за освојување на трофејот.
Раководството на Борусија Дортмунд објави дека Марко Росе ќе остане на тренерската позиција и следната сезона, но, клубот има намера да се збогува со неколку играчи ова лето.
Покрај Ерлинг Халанд, кого сите го посакуваат, од Дортмунд најверојатно ќе заминат уште четворица играчи. На трансфер листата се Торган Азар, Џулијан Брант и Нико Шулц. Никој од нив не ги исполни очекувањата на клубот и од јуни може да бараат нова средина.
Сепак, од Борусија Дортмунд ќе се раздели и Аксел Витсел. Белгиецот веќе им кажал на клупските челници дека нема да го продолжи договорот и во јуни ќе замине како слободен играч.
„Милионерите“ веќе бара нови играчи, а еден од нив би требало да биде Карим Адејеми од Салцбург.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)
