Македонија ЃП го зема скалпот на Вардар совладувајќи ги „црвено-црните“ со 2-1 на дуелот во Ѓорче Петров. Жикица Тасевски го надмудри Александар Васоски.
Интернационалецот од Гана, Калид Абдул Басит, беше стрелец на двата гола за „лавовите“ на овој меч, а Стефан Лазаревиќ погоди за Вардар.
Во втората минута Македонија ЃП славеше водство откако убаво беше проигран Калид Абдул Басит, а тој со силен удар од десетина метри го совлада голманот на Вардар. Гостите израмнија во 12.минута по шутот од далечина на Стефан Лазаревиќ. Тој со прецизен удар погоди во спротивниот агол од дваесетина метри.
Пред истекот на првиот дел, уште еден блесок на Калид Абдул Басит. Ѓорчепетровци по вторпат дојдоа до предност со погодокот на интернационалецот од Гана.
Работнички и Струга Трим Лум ремизираа 1-1 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Струѓани поведоа по добрата акција на Нијас Лена, кој го пронајде Дејан Цветановски во петерецот, а тој во 78.минута ја затресе мрежата на „романтичарите“. Но, во финишот, Работнички израмни со голот на Милош Тошески. По нафрлувањето од десната страна, Максимов шутираше со глава, топката дојде до Тошески, кој погоди од непосредна близина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal