
Капиталната инвестиција на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во прволигашот Академија Пандев конечно е комплетно закружена. Комплексот Пандев блесна во полн сјај, грандиозниот објект каде фудбалерите, стручниот штаб, академијата и канцеларијата на клубот ќе ги имаат сите адекватни услови за работа, е комплетно завршен. Зимската пауза доаѓа во вистински момент, за клупска реорганизација и залет за подобри резултати напролет.
Александар Васоски се очекува да седне на кормилото на тимот и со неколку засилувања да го исправи прволигашкиот брод на Академија Пандев. Есента резултатски не беше сјајна, Академија Пандев се наоѓа на претпоследната позиција на табелата, само над струмичкиот сосед Беласица.
Но, за инвестицијата на Горан Пандев во комплексот секоја чест. Таа чини околу 3,5 милиони евра и треба да биде вистински пример и за останатите прволигаши како се гради база за нови идни успеси и за развој на младите фудбалери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Комити со кореографија за Кочани (ВИДЕО)
