Големиот помагател на македонскиот фудбал и воопшто на спортот во нашата држава Слободан Вујчиќ – Брацо почина на 15. јуни 2019. на 70-годишна возраст.
Фудбалската федерација на Македонија организира Kомеморација во негова чест која ќе се одржи утре во 11 часот во хотел „Континентал“ во Скопје.
Слободан Вујчиќ – Брацо во изминативе 20 години беше спонзор на голем број клубови. Со Вујчиќ како главен спонзор, Вардар во 2003 година беше на чекор до влез во групната фаза од Лигата на шампиони. Освен во Вардар, тој помагаше и во клубовите на Цементарница, Македонија ЃП, Работнички, Тетекс, Слога Југомагнат, Еуромилк, Локомотива…
Како претставник на УФА Медиа, а потоа и на СВ-РСА и на Спорт 5, беше застапник на ТВ права на многу мечеви кои ги играа нашите клубови.
Забележлива беше неговата помош и во ракометниот и во одбојкарскиот клуб Вардар. Од првиот натпревар на Фудбалската репрезентација на Македонија во Крањ 1993 година ги застапуваше маркетиншките и телевизиските права, а 2004 година ја донираше целокупната опрема на македонските олимпијци на игрите во Атина 2004 година.
Беше голем хуманитарец, носител е на наградата “Мајка Тереза“, Скопје и Македонија ги чувствуваше како своја втора татковина.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski