
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за започнување на активностите за реконструкција и изградба на трибина на стадионот „Чаир“ во Скопје. Претходно ФФМ склучи договор за реконструкција на стадионите „Чаир“ во Скопје и „Билјанини извори“ во Охрид со соработка со општините, а преку програмата за развој на УЕФА.
„Ова се крупни проекти од исклучително значење, но и дополнителен импулс за локалната самоуправа, сѐ со цел да обезбедиме убава иднина за нашиот фудбал. Се обидуваме да помогнеме секаде и на секаков начин и искрено се надевам дека тоа ќе го направиме според договореното и согласно нашите и принципите на УЕФА“, изјави претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини по официјализирањето на соработката со општините.
На седницата на Управниот одбор на ФФМ беше донесен календарот за натпреварувачката сезона 2020/2021.
Во рамки на промовирањето на ЕУРО 2020, а по препорака на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија ја поддржа промотивната кампања за Европското првенство 2020 преку “Pro evolution soccer 2020„ новата видео игра на Konami, каде ќе биде вклучена и најдобрата македонска репрезентација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Женски фудбал
Фудбалерките поразени од Косово

Евро-фудбал
Халанд сака да си замине од Манчестер Сити?

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде новиот селектор на Бразил?
