Connect with us

Работнички се раздели со Алпарслан Ердем и Бобан Бабунски

Македонскиот прволигаш Работнички одлучи да ја прекине соработката со тренерот Алпарслан Ердем и неговиот асистент Бобан Бабунски. Откако не успеаја резултатски да го го подигнат тимот, дојде и разделбата.

„ФК Работнички ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Алпарслан Ердем и тренерот Бобан Бабунски. Клубот им се заблагодарува за вредната и напорна работа и им посакува сѐ најдобро во иднина“, објави клубот на официјалните канали.

Работнички по 13 одиграни натпревари во Првата лига се наоѓа на претпоследната позиција со само седум освоени бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови