Connect with us

Германец ќе биде нов тренер на Бојан Миовски во Глазгов Ренџерс

Германецот Дани Рол ќе биде новиот тренер на шкотскиот гигант Ренџерс, објавија шкотските медиуми. 36-годишниот стручњак постигнал договор со раководството на клубот и се очекува денес официјално да биде назначен за нов менаџер на тимот.

Тој ќе го замени отпуштениот Расел Мартин.

Првично, Рол ја одбил понудата на Ренџерс на средината на минатата недела, со главна причина дека не би можел да го подготви тимот за домашниот натпревар против Данди Јунајтед, кој заврши 2-2.

Во неделата, челниците на шкотскиот клуб повторно ја започнале офанзивата за доведување на Рол, и на крајот тој се согласил да застане на чело на тимот.

Ренџерс стартуваше многу слабо во сезоната, моментално е на шесто место во Шкотска со 9 бода, 13 помалку од лидерот Хартс.

Дани Рол последно беше на чело на Шефилд Венсдеј, но замина во јули.

Член на Глазгов Ренџерс е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови