
Во чест на големиот јубилеј — 80 години постоење на ФК Пелистер, во Битола се одржа свечена академија исполнета со емоции, спомени и гордост за осум децении богата фудбалска историја.
Оваа година, клубот од под Пелистер ја одбележува и 50-годишнината од „златната генерација“, која во 1974 година го постигна најголемиот успех дотогаш, со историскиот пласман во Втората југословенска лига. Таа генерација остави длабока трага во фудбалската историја на градот, а неколкумина од нејзините легенди беа посебно одликувани за својот придонес.

На свеченоста во Офицерскиот дом, Петар Упалевски и Спасе Ристевски, поранешни асови на Пелистер, добија награди за животно дело и за нивниот нераскинлив допринос кон клубот.
Признанија беа доделени и на други личности кои оставиле длабок белег во историјата на „зелено-белите“, меѓу кои Драганчо Димитровски и Бруно Пресилски.
Пресилски останува запаметен како стрелец на првиот гол во независна Македонија, постигнат на 23 август 1992 година, во триумфот над Рудар со 5-0 — момент кој засекогаш ќе остане дел од македонската фудбалска историја.
Димитровски, пак, е најдобриот стрелец во прволигашката историја на Пелистер, а признанието во негова чест го прими неговиот син Дарко.
Свечената академија беше вистинска ретроспектива на славното минато на клубот — вечер во која се славеше традицијата, љубовта и верноста кон зелено-белите бои.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Евро-фудбал
Нов проблем за Барса, се повреди и Феран Торес

Втора лига
Панче Стојанов е нов тренер на Беласица

Млади репрезентации
Ангелов: Од поразите научивме многу, од натпревар во натпревар играме подобро
