Искусниот шпански дефанзивец и легендарен фудбалер на Реал, Серхио Рамос (39) ја напушта мексиканската екипа Монтереј како слободен играч.
Договорот на Рамос со мексиканскиот клуб истекува во декември годинава, а фудбалерот нема намера да го продолжи. Сега тој е во потрага по нов клуб, кој можеби ќе биде и последниот во неговата богата играчка кариера.
Шпанските медиуми веднаш почнаа со шпекулации за неговата иднина, а едно од изненадувањата е можноста Рамос да се врати во Шпанија и да се приклучи на второголигашот Кордоба.
Клубот од Андалузија моментно е седмопласиран во Сегунда и се бори за врвот на табелата. Според извори, тие веруваат дека доаѓањето на Рамос би било голема придобивка, не само поради искуството што го носи на теренот, туку и за промоцијата на клубот.
Инаку, Кордоба се наоѓа блиску до родниот град на Рамос, Камас, близу до Севилја, што дополнително ја поттикнува оваа можност за враќање во Шпанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













