Башкими денес ќе се обиде да освои значајни бодови во тежок натпревар на гостински терен против еден од најсилните тимови во лигата, Струга Трим Лум. Овој натпревар, кој е дел од 15. коло, доаѓа во тежок момент за Кумановци кои се наоѓаат во резултатска криза по поразот од Тиквеш со 3-0.
Аган Сулејмани кој неодамна доби покана од македонската репрезентација под 20 години, верува дека тимот е најопасен токму кога е под притисок.
„Тежок натпревар со многу силен противник. Ќе се обидеме да “уловиме” нешто во Струга. Башкими е во резултатска криза, но токму тогаш сме најсилни и најопасни. Убеден сум дека ќе го ‘освоиме’ градот на Дрим,“ изјави Аган Сулејмани.
Ова ќе биде втора средба меѓу двата тима оваа сезона. Првиот натпревар во Куманово заврши убедливо во корист на струшкиот тим, кој триумфираше со 0-5.
Натпреварот започнува во 12:30 часот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција
Евро-фудбал
Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед













