Постои голема веројатност Јувентус да остане без услугите на Душан Влаховиќ најрано до почетокот на 2026 година, откако Лучијано Спалети потврди дека напаѓачот ќе паузира подолг период поради повреда на бутниот мускул.
Напаѓачот минатата недела доби одмор во победата над Бодо/Глимт во Лигата на шампионите, но синоќа започна како стартер против Калјари на „Алијанц стадионот“ во Торино.
Тој издржа само околу половина час на теренот – по 30. минута беше принуден да излезе, очигледно разочаран и во болка, откако почувствува мускулен проблем.
„Станува збор за истегнување, и ќе мора да отсуствува одредено време“, изјави Спалети по триумфот со 2-1 во натпреварот од Серија А.
Сериозноста на повредата стана уште појасна во моментот кога Влаховиќ му кажа на тренерот: „Мистер, навистина се повредив сериозно“, пред да седне на клупата.
Ваков тип на повреда обично бара околу еден месец рехабилитација, што значи дека многу извесно е дека Влаховиќ нема да се врати на теренот пред крајот на 2025 година.
Ова е голем удар за Јувентус, особено затоа што клубот во следните четири недели го очекуваат шест натпревари во Серија А, Лигата на шампионите и Купот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













