Шкупи сè уште е во потрага по првата победа оваа сезона, а денес ќе се соочи со актуелниот лидер во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар. Позициите на табелата се дијаметрално спротивни, Вардар ја држи челната додека Шкупи е на дното.
Според заменик-капитенот на ФК Шкупи, Ерион Шуку, ова е натпревар со огромна тежина, не само поради потребните бодови, туку и поради традицијата и гордоста на градското дерби.
„Ова е натпревар со голема тежина за нас, не само за бодови, туку и за гордоста. Тимот го даде максимумот на тренинзите; работевме напорно, со дисциплина и решителност, и тоа ќе биде очигледно и на теренот. Вардар влегува во оваа пресметка со добра позиција на табелата, но тоа не нè плаши. Никогаш не се предаваме, играме со срце како тим и со јасен план да го забележиме резултатот што го сакаме,” изјави заменик-капитенот, Ерион Шуку.
Првиот натпревар оваа сезона заврши со победа на Вардар од 4-2. Денешниот натпревар од 15-тото коло, Вардар – Шкупи ќе се одигра на теренот на тренинг центарот Петар Милошевски со почеток во 13:00 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













