Фудбалерите на Интер Мајами изборија пласман во големото финале на МЛС, каде што ќе се соочат со тимот на Ванкувер.
Лионел Меси и дружината триумфираа во Источната конференција, убедливо совладувајќи го Њујорк Сити со 5-1. Најзаслужен за високата победа беше Тадеј Аленде, кој блесна со хет-трик, а во листата на стрелци се запишаа и Силвети и Шеговија. Алба запиша две асистенции, додека Меси асистираше за еден погодок.
Во другото полуфинале, Ванкувер со 1-3 славеше на гости кај Сан Диего и ја освои титулата во Западната конференција. Канаѓаните уште во првиот дел направија недостижна предност со двата погодоци на Вајт и автоголот на Сисниега (0-3). Во второто полувреме Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол за Сан Диего, а авторот на автоголот подоцна доби и црвен картон во 79. минута.
Големото финале за титулата во МЛС лигата ќе се одигра на 6 декември на стадионот „Чејс“ во Форт Лодердејл, Флорида.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција
Евро-фудбал
Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед













