Луис Енрике, тренерот на европскиот шампион Пари Сен Жермен, доживеал несреќа во петокот откако паднал од велосипед и ја скршил клучната коска. Шпанецот веднаш бил пренесен во болница, каде што добил лекарска помош. Повредата е сериозна и постои голема веројатност дека ќе мора да биде подложен на операција.
Клубот од Париз во своето официјално соопштение не откри колку долго Енрике ќе биде отсутен од тренинзите и натпреварите. Сепак, јасно е дека неговото закрепнување ќе потрае.
Пари Сен Жермен својот следен натпревар ќе го одигра на 14 септември, кога во рамките на Лига 1 ќе се соочи со Ленс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













