Белгија го декласира Лихтенштајн со 0-6 во Вадуц, а капитенската лента за првпат ја носеше Јури Тилеманс. Се чинеше дека Кевин де Бруин и Ромелу Лукаку нема лесно да ја прифатат одлуката на селекторот Руди Гарсија, но, напротив, новата ѕвезда на Наполи вели дека нема никакви проблеми.
“Гарсија зборуваше со мене и со Лукаку на почетокот на седмицата. Ни рече дека ова е долгорочна одлука, Јури Тилеманс треба да капитен на националниот тим во наредните неколку години. И тоа е сосема во ред, затоа што ние сме неколку години повозрасни и можеби се ближи и денот кога ќе заминеме. Немам никакви проблеми со капитенската лента, најважно е Белгија да победува”, изјави Кевин де Бруин.
Белгија во октомври ќе ја пречека Македонија во Гент, во еден од најважните мечеви околу разврската во квалификациската група.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













