Реал Мадрид е подготвен да се раздели со искусниот дефанзивец Давид Алаба, кој не влегува во плановите на тренерот Чаби Алонсо. Како негова најверојатна нова дестинација се споменува турскиот гигант Бешикташ.
Алаба моментно е со австриската репрезентација во подготовките за квалификациските натпревари против Кипар и Босна и Херцеговина. Сепак, веднаш по мечот во Зеница на 9 септември, се очекува фудбалерот да отпатува за Турција.
Турскиот преоден рок сè уште е отворен, што сака да го искористи Бешикташ. Клубот веќе е во преговори со Алаба, откако „кралевите“ му дадоа зелено светло за трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













