Connect with us

Меси постигна два гола во последниот меч за Аргентина пред домашна публика (ВИДЕО)

Аргентина ја победи Венецуела со 3-0 во квалификациите за Светското првенство, а Лионел Меси (38) постигна два гола во мечот кој беше најавен како негов последен натпревар во дресот на репрезентацијата пред домашната публика. По натпреварот во Буенос Аирес, Меси беше видливо емотивен и истакна дека за вакво простување пред домашните навивачи „секогаш сонувал“.

Аргентинската ѕвезда се прости со стил – постигна два гола, додека еден додаде Лаутаро Мартинез. На прашањето за настапот на Светското првенство, кое следното лето ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, Меси кусо одговори: „Ќе видиме.“

„Толку емоции, толку многу доживеав на овој терен. Секогаш е радост да се игра во Аргентина со нашите луѓе. Со години уживаме во секој натпревар. Многу сум среќен, да завршам на овој начин тука е она за кое секогаш сум сонувал. Денес беше последниот натпревар за бодови овде“, изјави Меси.

Аргентина уште пред овој меч го обезбеди пласманот на Светското првенство 2026 како лидер во поредокот на КОНМЕБОЛ. Иако Меси ја изрази желбата да настапи, нагласи дека во месеците што следат ќе го следи своето физичко здравје пред да ја донесе конечната одлука.

„Како што веќе реков за Светското првенство, мислам дека нема да играм уште едно. Поради моите години, најлогично е да не успеам. Но, добро, речиси сме таму, па затоа сум возбуден и мотивиран. Како што секогаш велам, одам ден по ден, следејќи како се чувствувам. Кога се чувствувам добро – уживам, но кога не, искрено, не ми е убаво. Значи, ќе видиме. Немам донесено одлука за Светското првенство“, изјави тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови