Светските квалификации за Мундијал 2026 продолжуваат со возбудливи резултати и пресврти во повеќе групи.
Во групата А, Словачка шокираше со победа над Германија во Братислава со 2-0. Ханко го отвори резултатот во 42. минута, а Стрелец ја зголеми предноста во 55. минута, оставајќи ги „панцерите“ со сериозни проблеми во борбата за директен пласман на Светското првенство.
Во групата E, Шпанија започна силно и ја совлада Бугарија со 0-3 во Софија, со головите на Ојарзабал, Кукуреља и Микел Мерино. Турција во истата група забележа тесна победа над Грузија со 2-3, што им овозможува добра позиција за пласман во баражот.
Во група Г, Холандија и Полска одиграа 1-1 во Ротердам. Холанѓаните поведоа преку Дензел Дамфрис, но Мет Кеш донесе бод за Полска во 80. минута. Ова ја задржа неизвесноста во групата, каде Холандија има три меча, а Полска и Финска по четири.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













