Фудбалската репрезентација на Турција под водство на селекторот Винченцо Монтела продолжува да игра во одлична форма.
По пласманот во четвртфиналето на Европското првенство и промоцијата во А дивизијата на Лигата на нациите, Турците со триумф го стартуваа и квалификацискиот циклус за Мундијалот. Во Тбилиси ја совладаа Грузија со 2-3 и на самиот почеток си отворија сериозни шанси за обезбедување најмалку место во баражот, а можеби и директен пласман.
Во групата Е, каде што игра и Шпанија, важи правилото дека само првопласираниот оди директно на Светското првенство, додека второпласираниот ќе игра во бараж. Со оглед на тоа што Шпанија е апсолутен фаворит, а Бугарија се смета за најслаб тим, турската победа во Грузија има огромна тежина и остава простор за амбиции и кон врвот на табелата.
Турција и на ЕВРО 2024 во Германија ја совлада Грузија (3-1 во Дортмунд), а и сега во Тбилиси натпреварот доби јасен правец уште во третата минута. По корнерот на Арда Ѓулер, Мерт Мулдур со глава ја затресе мрежата на Мамардашвили за 0-1.
Во 41. минута, по една мешаница во казнениот простор, Керем Актуркоглу погоди за 0-2. На почетокот од второто полувреме, Турците со агресивен пресинг ја освоија топката, а комбинацијата Ѓулер – Акгун – Актуркоглу резултираше со трет погодок (0-3).
Грузија успеа да намали преку Давиташвили во 63. минута, а откако Турција остана со играч помалку по исклучувањето на Бариш Алпер Јилмаз во 71. минута, домашните силно притиснаа. Сепак, дури во 98. минута Квича Кварацкелија го постави конечниот резултат 2-3.
Турција последен пат настапи на Светското првенство во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, каде што го освои третото место. Сегашната генерација, со млади таленти како Арда Ѓулер и искусни играчи во одлична форма, изгледа подготвена повторно да се врати на големата сцена.
Во другиот денешен дуел, во групата Г, Литванија и Малта одиграа 1-1 во Каунас. Малта поведе преку Сатариано во 83. минута, а Гинејтис во 97. од пенал израмни за домаќините. Подоцна вечерва ќе играат и Холандија против Полска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













