Connect with us

Александар Митровиќ го напушта Ал-Хилал и се сели во катарскиот Ал-Рајан

Александар Митровиќ е пред нов предизвик во својата кариера. Српскиот репрезентативец заминува од Ал-Хилал, но останува во регионот, бидејќи ќе го засили катарскиот Ал-Рајан. Најдобриот стрелец во историјата на Србија ќе го продолжи патот во Доха по две успешни години во Саудиска Арабија.

Според локални извори, трансферот веќе е договорен и трите страни постигнале целосен договор. Финансиските параметри на зделката не се откриваат – не е познато колкава сума ќе добие Ал-Хилал, ниту пак колкава ќе биде платата на напаѓачот во новиот клуб. Сепак, веста за неговото преминување предизвика големо внимание во катарските и регионалните медиуми.

Во последните денови името на Митровиќ се поврзуваше со интерес од Лидс Јунајтед, Фенербахче и дури уште еден саудиски клуб – Неом, но понудата на Ал-Рајан се покажа како најпривлечна.


Во дресот на Ал-Хилал, 29-годишниот голгетер одигра 79 натпревари, постигна 68 голови и запиша 15 асистенции. Со тимот од Ријад ја освои титулата на Саудиска Арабија, националниот Куп и два Суперкупа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови