Јури Тилеманс e одреден за нов капитен на белгиската репрезентација. Селекторот на „црвените ѓаволи“, Руди Гарсија, го избра играчот од средниот ред на Астон Вила пред други поискусни фудбалери во составот.
„Тилеманс ќе биде нашиот постојан капитен. Досега лентата ја дававме на неколку играчи, но сега ја донесовме оваа одлука. Тој има добри односи со сите во тимот. Други фудбалери остануваат важни лидери – тоа се Кевин де Бруин, Ромелу Лукаку, Тибо Куртоа – но Јури ја добива лентата“, изјави Гарсија на прес-конференција пред квалификацискиот меч за Светското првенство против Лихтенштајн во четврток.
Тилеманс рече дека ја смета оваа одлука за посебна чест.
„Постојат малку нешта поубави од ова во една фудбалска кариера. Имаше пет имиња, а јас сум избраниот. Немаше да има разлика за мене, секогаш ќе бидам ист. Се гордеам, тоа е сигурно, но ова нема да ја промени мојата личност“, истакна Јури Тилеманс.
Белгија има четири бода по два одиграни натпревари во квалификациската група „Ј“, каде што се наоѓа и Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













