Наполи ќе мора да ја започне групната фаза од Лигата на шампионите без своето најголемо офанзивно оружје, Ромелу Лукаку. Белгиецот не се најде на списокот на регистрирани фудбалери заради тешката повреда што ја заработи на последната пријателска средба пред стартот на сезоната. Според лекарските прогнози, Лукаку ќе паузира околу три месеци, па иако постоеше можност да се врати за последните натпревари во јануари, клубот одлучи да не ризикува и да го изостави.
Наместо него, во ростерот е запишан новиот напаѓач Расмус Хојлунд, донесен од Манчестер Јунајтед како директна замена. Од составот изостануваат и штотуку пристигнатиот дефанзивец Лука Марианучи и универзалецот Паскуале Мацоки, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е регистриран со дресот со број „20“.
Слична судбина како Лукаку го снајде и Чиро Имобиле. Напаѓачот на Болоња нема да настапува во Лигата на Европа, бидејќи клубот реши да не го регистрира поради повреда која ќе го задржи надвор од терените околу два месеци. Интересно е што „рособлу“ пријавија само 23 играчи, што е двајца помалку од дозволеното.
Од друга страна, Аталанта реши да му укаже доверба на Адемола Лукман. И покрај тоа што нигерискиот офанзивец подолг период бојкотираше тренинзи и сè уште нема натпреварувачки ритам, сепак е вклучен во списокот за Лигата на шампионите.
Кај останатите италијански претставници во европските купови, Интер, Јувентус, Рома и Фиорентина, не се забележуваат изненадувања во одлуките околу регистрираните играчи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













