Connect with us

Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ ја напушта Турција и ќе брани во Шпанија. Тој се приклучува на Џирона како едногодишна позајмица, откако Фенербахче се согласи да го ослободи.

Каталонскиот клуб, кој пред два дена се раздели со Бојан Миовски, ја започна новата сезона во Ла Лига со три порази и без освоен бод, па токму ангажманот на искусниот голман треба да донесе стабилност на голманската позиција.

Ливаковиќ ја започна кариерата во НК Загреб, а најголемиот дел од својата младост го мина во Динамо Загреб, каде што собра 207 настапи. Во 2023 година премина во Фенербахче, а сега, на 29 години, со 62 настапи за националниот тим, важи за еден од клучните играчи на хрватската репрезентација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови