Connect with us

Николас Џексон го засили Баерн Минхен

Николас Џексон и официјално замина на позајмица од Челси во Баерн Минхен. Германскиот шампион ќе плати 16,5 милиони евра за договорот, а доколку реши целосно да го откупи сенегалскиот напаѓач, вкупната сума ќе изнесува 65 милиони евра.

Клаузулата за откуп ќе се активира ако Џексон одигра одреден број натпревари. Дополнително, Челси ќе добие и процент од евентуална следна продажба на играчот. Баерн целосно ќе ја покрива и неговата плата од околу 8 милиони евра годишно.


Новото засилување на баварците ќе го носи дресот со број „11“.

Во минатата сезона, Џексон постигна 10 голови и запиша пет асистенции на 30 натпревари во Премиер – лигата.

„Многу сум среќен што ќе бидам дел од овој голем клуб. Баерн е еден од најдобрите во светот, секој ги знае легендите што играле тука. Баерн е симбол на успехот. Имам големи цели и соништа, ќе дадам сè од себе за да му помогнам на тимот да освои нови трофеи“, изјави Џексон.

Сенегалецот првпат се проби на големата сцена со Вилјареал, пред да премине во Челси за 30 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови