Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, испрати честитка до Шкендија по големиот успех и пласманот во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
По историската елиминација на романскиот ФЦСБ, тетовскиот клуб уште еднаш потврди дека има квалитет за европска сцена. Омерагиќ изрази гордост за постигнатиот резултат и посака нови победи на меѓународната сцена.
„Големи честитки за Шкендија! Победа со срце, со карактер и со стил. Со секој нов чекор, заеднички покажуваме дека македонскиот фудбал расте и дека заслужено се носиме со европските предизвици.
Браво за играчите, стручниот штаб, управата и навивачите – ова е успех на сите вас“, стои во пораката на претседателот на ФФМ.
Со триумфот, Шкендија стана само втор македонски клуб што успеал да избори место во групната фаза на едно од европските натпреварувања организирани од УЕФА. Дали тоа ќе биде Лигата на шампионите, Лига Европа или Конференциската лига – ќе дознаеме наскоро, битката за поголем успех во Европа продолжува.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













