
Раководството на Челси донесе одлука да се обиде да го задржи Џејдон Санчо во своите редови, но само под одредени услови, информираат англиските медиуми. Од „Стемфорд бриџ“ ќе започнат преговори со фудбалерот, но инсистираат тој да се вклопи во платната структура на клубот.
Тоа нема да биде лесна задача, бидејќи крилниот напаѓач заработува импресивни 350.000 фунти неделно и има уште една година од договорот со „црвените ѓаволи“.
За споредба, ѕвездата на „сините“ Кол Палмер добива 130.000 фунти неделно.
Санчо пристигна на „Олд Трафорд“ во летото 2021 година за 73 милиони фунти.
Од Борусија Дортмунд веќе нема да прават нови обиди да го вратат Санчо.
Дополнително, „сините“ ќе мора да платат 25 милиони фунти за целосно откупување на неговите права од Манчестер Јунајтед, откако Санчо минатото лето пристигна во Лондон како позајмен играч. Доколку Челси одлучи да не ја активира задолжителната откупна клаузула, тогаш ќе мора да плати друга клаузула во износ од пет милиони фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
