
Сопственикот на Кристал Палас, Џон Текстор, му понудил на Кристијано Роналдо да купи удел во англискиот клуб како дел од стратегијата да го убеди да заигра за бразилскиот Ботафого на претстојното Светско клупско првенство ова лето.
Текстор, кој преку групацијата „Eagle Football“ контролира неколку клубови – Ботафого (Бразил), Лион (Франција), Флорида (САД) и Кристал Палас (Англија) – наводно му понудил на 40-годишниот Португалец значителен удел во „Eagle Football“ и дел од акциите во Кристал Палас, кој оваа сезона го освои ФА Купот.
Ботафого обезбеди учество на Светското клупско првенство, што е клучен дел од понудата до Роналдо, кој наводно сериозно размислува за заминување од Ал-Наср, по две години во Саудиска Арабија. Според извештаите, неколку клубови веќе се борат за неговиот потпис, а Роналдо сè уште не најавува повлекување од фудбалот.
Пред евентуална одлука за иднината, Кристијано ќе настапи за Португалија на полуфиналето од Лигата на нации против Германија на 4 јуни, а финалето е закажано за 8 јуни, против победникот од дуелот Шпанија – Франција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Џеко и Тадиќ заминаа од Фенербахче

Евро-фудбал
Јувентус се насочи кон менаџерот на Фулам
