
Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, го прифати поразот од Челси во финалето на Конференциската лига со мирен тон. „Вердибланкос“ поведоа со раниот гол на Ез Абде, но на крајот загубија со 104 и не успеаја да го освојат првиот европски трофеј во својата историја.
„Одигравме многу силно прво полувреме, постигнавме гол и создадовме уште неколку добри шанси. По паузата, Ез Абде се повреди и веќе не бевме толку опасни во нападот, а Челси почна да го наоѓа својот ритам и сè повеќе ни создаваше проблеми“, изјави Пелегрини.
„Навивачите создадоа неверојатна атмосфера, дури и по натпреварот. Тоа најмногу нè боли – што не успеавме да ги израдуваме со трофејот. Повредите беа главната причина што не можевме да се спротивставиме во второто полувреме. Челси е многу силен тим и знаеше како да го искористи тоа“, призна искусниот стратег.
На прашањето дали Бетис може следната сезона да стигне до финале во Лига Европа, Пелегрини одговори:
„За Бетис тоа би било огромно достигнување. Но сè уште е рано да размислуваме за следната сезона. Ни претстои многу работа.“
„Нашиот целокупен настап оваа сезона е голем чекор напред и мислам дека навивачите ќе се согласат со тоа. Сега играчите се исклучително разочарани, но треба да бидеме горди на сè што постигнавме“, додаде Чилеанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Џеко и Тадиќ заминаа од Фенербахче

Евро-фудбал
Јувентус се насочи кон менаџерот на Фулам
