Connect with us

Мареска: На почетокот имавме погрешен пристап, но потоа го надигравме Бетис

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, беше воодушевен по освојувањето на трофејот во Конференциската лига. Неговиот тим го совлада Бетис со 4-1 во финалето во Вроцлав, иако на полувремето губеше. Италијанецот призна дека тимот не влезе на вистински начин во натпреварот, но ги пофали своите играчи за нивната реакција во второто полувреме.

„Многу сум среќен. Бев малку разочаран во првото полувреме затоа што сметам дека пристапивме кон натпреварот на погрешен начин. Очекував посериозен пристап. Изгледаше како да беше преголема радоста по натпреварот со Нотингем Форест, бидејќи цела сезона го чекавме тоа пласман во Лигата на шампионите. Затоа во првото полувреме имавме тешкотии, но во второто направивме промени, бевме многу подобри и сега сме многу среќни“, изјави Мареска.

„Пораката по натпреварот со Нотингем беше: ‘Момци, ако сакаме да бидеме голем тим, она што го направивме е минато – сега мора да го освоиме финалето.’ Но тоа беше радост, замор, бидејќи имавме 48 часа помалку од нив – тие играа во петок без значење, ние во недела за голема, голема цел, па очекував вакво опуштање. Во второто полувреме игравме многу подобро“, додаде Италијанецот.

„Многу ја подобривме нашата игра низ текот на турнирот. Најважното е што научивме да победуваме и кога не играме најдобро, дури и на грд начин. Со толку млад состав, тоа не е лесно.“

Тој го коментираше и решението да го остави капитенот Рис Џејмс на клупата на почетокот од натпреварот: „Сакав да го заштитам.“

На крајот, Мареска сподели што значи за тимот освојувањето на Конференциската лига:

„Ова е само почетна точка. За да изградиш победнички дух, мораш да победуваш натпревари, да освојуваш трофеи. Купот што го освоивме ќе нè направи посилни во иднина“, заврши менаџерот на Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови