
Арсенал е на прагот да го финализира трансферот на играчот за врска на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, јавува „Скај Спортс“. Англискиот клуб ја активирал откупната клаузула од 52 милиони фунти, а сите документи се веќе потпишани. Сега останува само медицинскиот преглед на фудбалерот, кој ќе се случи наскоро.
Зубименди е европски шампион со Шпанија од минатото лето.
Минатата година беше многу блиску до трансфер во Ливерпул, но реши да остане уште една сезона во Реал Сосиедад.
Арсенал подолго време работеше на договорот за да ја победи конкуренцијата, а интерес за Зубименди имаше и од Реал Мадрид и Барселона.
Клубот од „Емиеати“ сега ќе се фокусира на ангажирање на нов централен напаѓач, што е следната голема цел на „топчиите“ во летниот преоден рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
