Connect with us

Жестока тепачка меѓу хулиганите на Бетис и Челси пред финалето на Конференциската лига (ВИДЕО)

Во пресрет на финалето на Конференциската лига во Вроцлав, навивачите на Челси и Бетис влегоа во жесток судир на улиците пред неколку барови, што доведе до интервенција на полската полиција, која употребила солзавец за да ги растера насилниците.

Сведоци пријавиле дека се фрлале столици и други предмети, а насилството брзо ескалирало, што ја натерало полицијата да реагира за да спречи понатамошни инциденти. Властите соопштија дека бројот на припадници на безбедносните сили е значително зголемен, со цел сите граѓани и гости во градот да се чувствуваат безбедно.

Покрај полицијата, на терен се и противпожарни екипи и служби за итна помош, особено во зоните околу стадионот и местата каде што се собираат навивачите. Спроведувањето на мерките за безбедност вклучува патроли пеш, надгледување со дронови и хеликоптери, како и брзи интервенции на критични локации.

Криминалистичката полиција веќе работи на идентификација на учесниците во судирите, а очекувањата се дека финалето ќе се одржи под засилени безбедносни протоколи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови