Арне Слот е избран за најдобар менаџер во Премиер – лигата за изминатата сезона. Холанѓанецот, кој го предводеше Ливерпул до шампионската титула, ја освои престижната награда која го носи името на сер Алекс Фергусон.
Името на победникот беше објавено на свечена церемонија во Лондон. Сепак, Слот не присуствуваше на настанот во знак на солидарност со повредените во инцидентот што се случи во понеделникот, кога автомобил удри во група навивачи на Ливерпул за време на шампионската парада на „црвените“ во градот.
За Слот ова беше дебитантска сезона во Англија, а наградата ја доби во конкуренција со Томас Франк, Еди Хау, Нуно Еспирито Санто и Витор Переира.
Последен пат менаџер на Ливерпул ја освои оваа награда во 2022 година, кога под водство на Јирген Клоп тимот освои 92 поени и заврши на второто место. Клоп беше добитник на ова признание и во 2020 година, додека рекордер е сер Алекс Фергусон, кој дури 11 пати е прогласен за менаџер на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













