
Холандскиот репрезентативец и фудбалер на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, е на чекор до потпишување договор со Ливерпул. 24-годишниот десен бек веќе се наоѓа во Англија, каде што пристигна со приватен авион по успешно завршените медицински прегледи.
„Црвените“ ја активираа откупната клаузула во неговиот договор со Баер Леверкузен, која изнесува 35 милиони евра.
Овој трансфер доаѓа веднаш по заминувањето на омилениот играч и дете на клубот, Трент Александер-Арнолд, кој официјално го напушти Ливерпул изминатиот викенд.
BREAKING: Jeremie Frimpong has arrived in the UK to finalise his move to Liverpool from Bayer Leverkusen 🚨 pic.twitter.com/3DdSLTWadk
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 27, 2025
Со ова засилување, Фримпонг ќе се приклучи на своите сонародници во тимот, Вирџил ван Дајк, Рајан Гравенберх и Коди Гакпо, како и на новиот менаџер Арне Слот, со што Ливерпул добива силно холандско јадро.
Фримпонг уште по завршниот натпревар на Ливерпул оваа сезона даде јасен сигнал за своите намери, кога „лајкна“ објава на клубот на Инстаграм, на која се прикажани тројцата Холанѓани како слават титула на „Енфилд“.
Според медиумите, ова можеби нема да биде последната зделка помеѓу Ливерпул и Баер Леверкузен летово – клубот од Мерсисајд наводно е многу блиску и до трансфер на германскиот офанзивец Флоријан Вирц.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
