
Италијанскиот фудбалер Николо Заниоло повторно е во центарот на вниманието, но овојпат поради скандалозно однесување. Според информациите на „Спорт Италија“, Заниоло присуствувал на натпревар на младинските тимови на Рома и Фиорентина, но по завршувањето на мечот влегол во конфликт со стручниот штаб и играчите на Примавера тимот на Рома.
Наводно, тој почнал да ги исмева младите играчи што ги тренира Џанлука Фалсини, а ситуацијата ескалирала до вербална и физичка пресметка – па дури и до шлаканици. Инцидентот кулминирал кога Заниоло влегол во соблекувалната и удрил еден млад фудбалер со тупаница.
Фудбалскиот клуб Рома официјално потврди дека инцидентот се случил и најави сериозни мерки.
„Рома најостро го осудува секое агресивно однесување или постапки што не се во согласност со спортските вредности.“
Во соопштението клубот додаде дека двајца млади фудбалери биле физички нападнати од Заниоло.
Овој настан доаѓа во чувствителен момент за Заниоло, кој и онака се соочуваше со пад на формата и контроверзии. Доколку се потврди вината, можно е да следат и дисциплински санкции од Италијанската фудбалска федерација, па дури и исклучување од репрезентацијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лука Модриќ пред трансфер во Интер?
