Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти и официјално го презеде кормилото на бразилската фудбалска репрезентација. На свечената прес-конференција во Рио де Жанеиро, одржана пред над 250 претставници од медиумите, 65-годишниот Анчелоти беше претставен како нов селектор на „Кариоките“.
„Да се води најдобриот национален тим на светот е голема чест и привилегија. Знам што значи оваа функција и подготвен сум за големата одговорност“, изјави Анчелоти.
Италијанецот ја презеде функцијата од Доривал Жуниор, кој беше отпуштен по убедливиот пораз од Аргентина со 4-1 во март, во рамки на квалификациите за Светското првенство 2026. Под водство на Анчелоти, Бразил ќе се обиде да се врати на патеките на старата слава, а првите предизвици ги носат натпреварите против Еквадор и Парагвај во јуни.
Во моментов, Бразил се наоѓа на четвртото место на табелата, а шест репрезентации од јужноамериканската зона ќе обезбедат директен пласман на Мундијалот.
Најголемо внимание привлече списокот на 25 повикани фудбалери, на кој го нема Нејмар, кој неодамна се врати од повреда. Сепак, Анчелоти потенцираше дека во иднина смета на него.
„Ги повикав најподготвените. Нејмар е сè уште во процес на враќање, но неговиот квалитет не се доведува во прашање. Тој е важен дел од оваа репрезентација“, нагласи новиот селектор.
Составот на Бразил за натпреварите во јуни:
🔹 Голмани:
- Алисон (Ливерпул)
- Бенто (Ал-Наср)
- Хуго Соуза (Коринтијанс)
🔹 Одбрана:
- Данило (Фламенго)
- Вандерсон (Монако)
- Алекс Сандро (Фламенго)
- Карлос Аугусто (Интер)
- Весли (Фламенго)
- Александро (Лил)
- Бералдо (ПСЖ)
- Лео Ортиз (Фламенго)
- Маркињос (ПСЖ)
🔹 Среден ред:
- Андреас Переира (Фулам)
- Андреј Сантос (Стразбур)
- Бруно Гимараеш (Њукасл)
- Каземиро (Манчестер Јунајтед)
- Едерсон (Аталанта)
- Жерсон (Фламенго)
🔹 Напад:
- Ентони (Бетис)
- Естевао (Палмеирас)
- Габриел Мартинели (Арсенал)
- Матеус Куња (Вулверхемптон)
- Рафиња (Барселона)
- Ришарлисон (Тотенхем)
- Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













