
Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо официјално објави дека ја завршува својата етапа во саудискиот клуб Ал-Наср. По разочарувачката сезона и зголемените тензии меѓу него и раководството на клубот, дојде до крај на соработката.
„Ова поглавје е завршено. Но, приказната продолжува. Благодарен сум за сè“, порача Роналдо преку социјалните мрежи.
Останува отворено прашањето – кој ќе биде следниот чекор на Роналдо? Ќе остане ли во Саудиска Арабија, но со друг клуб, или пак ќе го исполни ветувањето дадено пред неколку години и ќе се врати во Спортинг Лисабон, клубот каде што ја започна својата кариера и можеби ќе ја заврши токму таму.
Постои теорија и дека можеби би се вратил во Англија, барем накусо, за да игра на Светското клупско првенство како фудбалер на Челси или на Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Џонатан Тах потпиша за Баерн Минхен

Евро-фудбал
Челси е победник на Конференциската лига (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Младите фудбалери ремизираа без голови против Косово

Евро-фудбал
Реал Мадрид ќе го врати Нико Паз на Бернабеу“

Евро-фудбал
Гасперини ќе биде нов тренер на Рома?

Интернационалци
Чурлинов се збогува со Јагиелонија
