Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, повика на максимална концентрација пред големиот финален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, кој ќе се одигра во сабота. Тој истакна дека пласманот во два финалиња за три години е големо достигнување, но дека само победниците остануваат запаметени.
„ПСЖ е одличен тим со врвни играчи и тренер кого многу го почитувам, човек кој има искуство со вакви натпревари. Финалето во ЛШ е натпреварот во кој секој сака да игра. Ќе дадеме сè од себе. Некои велат дека ПСЖ е фаворит? Ние имаме дух и срце. Играа против нас и Барселона, и Баерн, и Арсенал и Манчестер Сити – сите силни ривали. Но, ние се боревме со трчање, одлучност и агресија. Тоа е Интер.“
Инзаги се надева да ги има на располагање сите играчи за финалето.
„Се надевам дека ќе можам да сметам на целиот состав. Уверени сме дека Бењамин Павар и Пјотр Зиелински ќе се опорават и ќе пристигнеме подготвени. Лаутаро е веќе добро, беше подготвен и за Комо, но не сакавме да ризикуваме. Фратези исто така беше подготвен уште во петокот.“
На прашањето за наводната богата понуда од Ал-Хилал, Инзаги одговори:
„Да, имаше интерес и од Италија и од Саудиска Арабија, но би било лудост сега да размислувам за тоа. Имам договор со Интер, имам одлични односи со клубот и сум многу среќен тука. Ќе разговараме за иднината по финалето. Сега сè е фокусирано на Париз.“
Интер ќе се обиде да го освои својот четврти трофеј од Лигата на шампионите, а втор под водство на Инзаги во изминатите три сезони – што само по себе е историски успех за клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













