Ламин Јамал синоќа одигра уште една маестрална партија во победата на Барселона на гостувањето кај градскиот ривал Еспањол. Меѓутоа, она што дополнително ја истакна зрелоста на овој 17-годишен фудбалер беше неговата изјава по мечот.
Јамал, кој оваа сезона експлодираше на големата сцена, не заборави да му оддаде признание на човекот кој му ја даде првата шанса, поранешниот тренер на Барселона, Чави Хернандез.
„Сите ние сме исклучително благодарни на Чави. Мора да го спомeнам. Без него ништо од ова немаше да се случи“, изјави Јамал по натпреварот.
Овој гест на благодарност кон Чави, кој се смета за човекот што ги постави темелите на новата Барса, уште еднаш потврди дека Јамал покрај својот фудбалски талент поседува и силен карактер, што е реткост кај играчи на негова возраст.
Со вакви настапи и однесување, Јамал не само што ги воодушевува навивачите и тренерите, туку се профилира и како лидер на Барселона во годините што доаѓаат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













