Некогашниот шампион на Италија и финалист во Купот на европските шампиони, Сампдорија, вечерва доживеа историски дебајкл. Клубот од Џенова следната сезона ќе настапува во Серија Ц, третата италијанска лига.
По последното коло во Серија Б, Сампдорија заврши на 18. место, кое води во понизок ранг. Тимот одигра 0-0 на гости кај Јуве Стабија, но поради победите на Бреша, Фросиноне и Салернитана, тоа не беше доволно за опстанок. Сампдорија ја заврши сезоната со само 41 бод, со биланс од 8 победи, 17 ремија и 13 порази.
Сампдорија досега само пет пати настапувала во Серија Б, но никогаш претходно не испаднала во Серија Ц. Овој пад доаѓа во момент на сериозна финансиска криза – долгот на клубот надминува 200 милиони евра, од кои дури 70 милиони се акумулирани во последните две години.
Во април, по неколку промени на тренерската позиција, кормилото го презеде Албериго Евани, поранешен помошник на Манчини во репрезентацијата на Италија. Помошник му беше Атилио Ломбардо, а во обидот за спас се вклучи и самиот Роберто Манчини, клупска легенда со рекордни 567 настапи и 171 гол.
Манчини беше дел од „златната генерација“ која ја донесе единствената шампионска титула во историјата на Сампдорија во 1991 година, како и триумфот во Купот на победници на купови во 1990. Неговиот некогашен соиграч, покојниот Џанлука Вијали, пред својата смрт во 2023 година се обидуваше да го откупи клубот со група инвеститори – со цел повторно да ги обедини Манчини и Ломбардо во Сампдорија. Иако тој сон остана неисполнет за Вијали, денес делумно се остварува – но во најтешкиот момент за клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













