Connect with us

Селта триумфираше во Сан Себастијан, блиску е до Лига Европа (ВИДЕО)

Селта оствари голема победа на гостински терен совладувајќи го Реал Сосиедад со 0-1, во натпревар од 36.коло во Ла Лига. Со овие три бода, тимот од Галисија е многу блиску до обезбедување пласман во Лигата на Европа следната сезона.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Алфонсо Гонзалес, кој во 44. минута ја затресе мрежата на домаќините по убава акција на Селта.

Реал Сосиедад продолжува со разочарувачките резултати во финишот на сезоната. За баскискиот клуб ова беше шести пораз во последните седум натпревари, што ги оддалечи од европските позиции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови