Реал Мадрид доживува една од најтешките сезони во последните години – без трофеј и со голем број повредени фудбалери, „кралскиот клуб“ се наоѓа на работ на вистинска криза.
Последни на листата на повредени се Винисиус Жуниор, Лукас Васкез и Родриго, а токму Бразилецот Родриго е најтешко повреден и сезоната за него е завршена. Сепак, шпанската „Марка“ откри и дополнителна позадина – Родриго наводно одбил да настапи на последното „Ел Класико“ поради судир со Џуд Белингам и Килијан Мбапе.
Тој чувствува дека не е доволно ценет во клубот, а шпекулациите за негово заминување повторно се актуелизирани.
Реал би можел да инкасира околу 100 милиони евра од потенцијалниот трансфер на Родриго, кој има голема вредност на трансфер пазарот.
Покрај него, Карло Анчелоти се соочува со уште посериозни проблеми. Надвор од комбинација се и Дани Карвахал, Едер Милитао, Ферлан Менди, Давид Алаба, Антонио Рудигер, Едуардо Камавинга, додека Аурелиен Чуамени е суспендиран.
Во пресрет на натпреварот со Мајорка, Анчелоти има на располагање само 11 фудбалери и резервниот голман Лунин. Единствените првотимци на кои може да смета се: Тибо Куртоа, Марко Асенсио, Хесус Ваљехо, Фран Гарсија, Феде Валверде, Лука Модриќ, Дани Себаљос, Арда Гулер, Џуд Белингам, Ендрик и Килијан Мбапе.
Останува прашање дали некој од повредените фудбалери ќе успее да се врати до Светското клупско првенство во САД, кое ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













