Манчестер Сити сериозно се подготвува за летниот преоден рок, а еден од приоритетите на менаџерот Пеп Гвардиола е засилување на офанзивниот дел од средниот ред. На врвот на листата на желби повторно се најде Дани Олмо, фудбалерот на Барселона.
Гвардиола и Сити уште во јануари оваа година воспоставиле контакт со Олмо, кога Барселона се соочуваше со проблеми околу неговата регистрација, но тогаш играчот бил решен да остане на „Камп Ноу“. Сепак, сега ситуацијата би можела да се промени, доколку Сити испрати доволно примамлива понуда.
Иако Барселона и понатаму тврди дека Олмо не е на продажба, се ќе зависи од тоа колку ќе биде „тешка“ понудата на англискиот шампион. Според неофицијални информации, Каталонците не би размислувале за понуда помала од 75 милиони евра, имајќи предвид дека платија 55 милиони за негов ангажман.
Олмо, кој и претходно беше поврзуван со Сити пред да се врати во Барселона, оваа сезона се соочи со бројни предизвици – од повреди до административни проблеми. Сепак, успеа да запише 36 настапи, при што постигна 11 голови и запиша шест асистенции, што е солиден биланс со оглед на околностите.
Покрај Олмо, Сити го следи и Флориjан Вирц, кој сепак е поблиску до Баерн Минхен, како и Тијани Рeјндерс од Милан, кој е повеќе дефанзивно ориентиран. Но, желбата на Гвардиола е јасна – тој го гледа Олмо како своја нова „десетка“ во идната сезона.
Ќе следи интересна трансферна сага, а останува да се види дали Барселона ќе успее да го задржи својот играч или пак ќе попушти пред милионите од Манчестер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













