
Манчестер Јунајтед повторно се насочува кон италијанската Серија А во потрага по нов голман. На радарот на „црвените ѓаволи“ сега се наоѓа Зион Сузуки. По интересот за Мајк Мењан од Милан, англискиот клуб сега го засилува интересот и за јапонскиот репрезентативец од Парма.
Среќата не е на страна на Манчестер Јунајтед кога станува збор за голманската позиција. Тие потрошија над 50 милиони евра за доведување на Андре Онана од Интер, но тој не успеа да се наметне како сигурен избор меѓу стативите. Затоа, клубот повторно бара алтернатива летово, и повторно го врти погледот кон италијанскиот фудбал.
Првата опција е Мајк Мењан, кој моментно води преговори за продолжување на договорот со Милан, но тоа би било многу скапа опција. Затоа, Сузуки е алтернатива доколку преговорите со Французинот не успеат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
