
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не ги криеше емоциите по драматичната победа од 2-1 над Астон Вила. Двата тима се директни конкуренти за место во Лигата на шампионите, па затоа победата има двојна вредност. Шпанецот призна дека неговиот тим е под голем притисок да обезбеди место во топ 5.
„Многу сум среќен. Се наоѓаме во топ 4 и остануваат уште пет натпревари. Сѐ уште сме во игра за Лигата на шампионите. Астон Вила е одличен тим, до последниот играч – еден од најдобрите во Европа. Игравме многу добро, бевме агресивни, а дефанзивната четворка одигра неверојатно. Фудбалот е емоција – и за фудбалерите и за навивачите. Под голем притисок сме да се пласираме во Лигата на шампионите, но играчите се справуваат одлично и многу сум задоволен“, изјави Гвардиола.
Победата ја донесе резервниот играч Жереми Доку во судиското продолжение. Тој имаше одличен пробив по левата страна, а потоа асистираше за Матеус Нуњес.
„Знаев дека Доку може да создаде нешто со неговата брзина. Ги имавме вистинските играчи во шеснаесетникот. Кога си во фудбалскиот бизнис, мораш да умееш да ги прифатиш и разочарувањата. Но, овој настап ни беше одличен. Сезоната е лоша, но понекогаш се случуваат и такви работи. Нивото на тимовите во Премиер – лигата е неверојатно високо“, додаде стратегот на Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Втора лига
Филип Мирчески е нов тренер на Победа

Евро-фудбал
Наполи победи, Елмас беше стартер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ падна на „Велодром“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Ламин Јамал повторно добитник на „Копа Трофеј“

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
