Српскиот фудбалски великан Партизан се наоѓа во незавидна ситуација, и тоа во клучен дел од сезоната. Проблемот со поранешниот фудбалер Никола Антиќ и неизвршените обврски може скапо да ги чини – не само финансиски, туку и со потенцијално губење на лиценцата за учество во европските натпреварувања на УЕФА.
Иако Антиќ веќе се пресели во Казахстан, тој очигледно не е подготвен да ги заборави долговите од престојот во Хумска. Интересно е тоа што, според српските медиуми, ниту еден официјален документ за договорот или постапката не бил испратен до Фудбалскиот сојуз на Србија, што само дополнително ја компликува ситуацијата.
Комисијата за лиценцирање на ФСС му дала краткорочен рок од 48 часа на Партизан, тоа им остава минимално време на „црно-белите“ да најдат решение и да избегнат евентуална казна што може да ги остави надвор од Европа.
Останува да се види дали ќе успеат да се договорат и да ја завршат оваа сага во последен момент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













