Нотингем Форест запиша уште една голема победа во Премиер лигата, совладувајќи го Тотенхем на гостински терен со 1-2 во натпревар од 33. коло на англискиот шампионат.
Избраниците на Нуно Еспирито Санто одиграа фантастично прво полувреме и уште од самиот старт покажаа дека не се дојдени само да се бранат. „Шумарите“ го казнија пасивниот пристап на домаќините со два брзи гола. Елиот Андерсон го отвори резултатот, а само неколку минути подоцна Крис Вуд зголеми на 0-2.
Тотенхем се обиде да се врати во игра до крајот на првото полувреме, но без успех. Во вториот дел, тимот на Анге Постекоглу го засили темпото и успеа да намали преку Ричарлисон во самиот финиш, но недостигаше завршниот удар за комплетен камбек.
Со оваа победа, Нотингем Форест се врати на третата позиција со 60 освоени бодови, продолжувајќи ја одличната серија. За разлика од нив, Тотенхем тоне сè подлабоко на табелата и останува на 16. место, со резултати кои се далеку под очекувањата на навивачите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













