Connect with us

Инзаги: Моравме подобро да се одбраниме при последниот аут, кој Болоња го изведе со огромно „крадење“ на просторот

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, е убеден дека аутот по кој Болоња го постигна доцниот победнички гол за триумфот од 1-0 над „нерoаѕурите“, бил изведен неправилно. Тој исто така ги укори своите играчи за недоволно добро бранење во таа ситуација.

„Имаше тензија околу тој последен аут, кој беше изведен 12-13 метри понапред од вистинската позиција. Тоа е едноставно објективен факт. И покрај тоа, можевме подобро да реагираме, бидејќи двајца од нашите играчи скокаа на топката, а секогаш треба да го прави тоа само еден. Судијата се обиде да ја води средбата на најдобар можен начин, но топката излезе близу до моите нозе, а аутот беше изведен пред клупата на Болоња. Како и да е, тоа не треба да биде изговор, затоа што требаше да бидеме пофокусирани. Останува горчина, бидејќи потрошивме многу енергија, па е разочарувачки да се загуби на ваков начин. Едноставно, не смеевме да дозволиме топката да стигне до Рикардо Орсолини“, рече Инзаги.

Орсолини постигна победнички гол со ножички во 93.минута од дуелот на „Ренато Дал’Ара“.

„Болоња беше добро подготвена, но и ние исто така. Натпреварот беше доста израмнет и затоа ваквиот пораз боли толку многу. Сепак, ќе се вратиме на нозе. Сезоната не завршува во Болоња. Мора да прифатиме сè, вклучително и ваков примени гол. Треба да го прифатиме овој пораз, иако во моментов играчите не се подготвени за тоа. Се обидов да им објаснам зошто дојде до тој гол и дека требаше подобро да се браниме, но тие само повторуваа дека аутот бил изведен 12 метри понапред и дека не било фер. Сепак, тие се големи професионалци и луѓе, и ќе сфатат дека мора да реагираат и да се бранат подобро“, додаде Инзаги по поразот на неговиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови