
Ливерпул нема да може да ја прослави титулата во Премиер лигата овој викенд, откако Арсенал ја исполни својата задача и забележа убедлива победа на гостувањето кај Ипсвич Таун со 0-4. Со оваа победа, тимот на Микел Артета останува во трката за титулата, а Ливерпул, и покрај евентуална победа против Лестер попладнево, нема да може математички да го осигура трофејот.
И покрај ротациите во составот, Арсенал доминираше на натпреварот, а средбата ќе се памети по одличната асистенција на Микел Мерино во првото полувреме. Тросар и Мартинели ги постигнаа головите за водство од 0-2 на полувремето, а Белгиецот Тросар погоди уште еднаш во вториот дел. Крајниот резултат го постави Нуанери во 88. минута. Ипсвич од 32. минута играше со играч помалку, откако Лефт Дејвис доби директен црвен картон.
На „Крејвен котиџ“, Челси дојде до значајна победа против Фулам со 1-2. Домаќините поведоа преку Алекс Ивоби во раната фаза од натпреварот, но Челси успеа да направи пресврт во второто полувреме. Тајрик Џорџ го израмни резултатот, а Педро Нето во судиското надополнување постигна еврогол за победа на „сините“.
Манчестер Јунајтед претрпе пораз на „Олд Трафорд“ од Вулверхемптон со 0-1. Единствениот гол на натпреварот го постигна Пабло Сарабија во второто полувреме. Јунајтед играше со подмладен состав поради напорниот распоред и ротациите по европскиот дуел со Лион.
Во продолжение на колото, попладнево ќе се одигра натпреварот помеѓу Лестер и Ливерпул, додека колото ќе биде затворено утре со средбата Тотенхем – Нотингем Форест.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
