Connect with us

Гвардиола: Ако не се пласираме во ЛШ, некои играчи нема да сакаат да дојдат во Манчестер Сити

Манчестер Сити веќе одамна не е конкурентен во борбата за титулата шампион на Англија, а до крајот на сезоната ќе стравува и за пласман во Лигата на шампионите, кој ќе го обезбедат петте најдобри англиски клубови.

Свесен за тоа е и менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој истакна дека клубот ќе се најде во исклучително тешка ситуација доколку не обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона.

„Прилично сум сигурен дека фудбалерите најпрво ќе ги избираат оние клубови што ќе играат во Лигата на шампионите. Можеби ќе дојдат некои играчи и ако не играме во Лигата на шампионите, но сигурно ќе има и такви кои нема да дојдат ако не играме. Засега не сум разговарал со никого, па не знам“, истакна шпанскиот тренер на прес-конференцијата пред дуелот со Евертон.

Тој се осврна и на заминувањата, откако Кевин де Бруин објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

„Освен Кевин де Бруин, останатите имаат договори. Сега сме фокусирани на финишот од сезоната, имаме шест натпревари во првенството, плус Купот, а потоа 10 дена одмор и веднаш одиме во САД на Светско клупско првенство“, рече Пеп Гвардиола, чиј договор со „граѓаните“ важи до летото 2027 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови