
Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш летово ќе биде меѓу главните цели на трансфер пазарот, но изгледа дека веќе е јасно во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.
Ѓокереш оваа сезона игра во неверојатна форма во дресот на Спортинг Лисабон, и јасно е дека португалскиот клуб ќе има големи тешкотии да го задржи во своите редови летово.
Иако летниот преоден рок започнува дури во јули, интересот за овој напаѓач е огромен, бидејќи многу клубови би сакале да го доведат.
Но, според досегашните информации, Ѓокереш ќе ја продолжи кариерата во Англија и изгледа дека веќе донел одлука во кој клуб ќе замине.
Интерес за него покажале Ливерпул, Челси и Арсенал, со кој 26-годишниот напаѓач е во контакт, но како што пишуваат медиумите во Португалија, познато е кој клуб му е „фаворит“.
Португалскиот весник „А Бола“ утринава објави дека Ѓокереш им соопштил на челниците на Спортинг Лисабон дека сака да премине во Арсенал и дека веќе се договорил со лондонскиот клуб, а понудите од другите клубови воопшто не го интересираат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski